Search

Известување за планот за реконструкција на сообраќајни и други градежни објекти за 2019 година

Град Скопје денеска /12.02.2019 година/ испрати допис до сите државни институции, претпријатија и поголеми компании каде што се наведени сите сообраќајници и објекти на кои се предвидени градежни активности во 2019 година.

Како што најави градоначалникот Шилегов, Градот Скопје ќе донесе нов правилник за издавање дозволи за вршење прекопи на улиците, и во иднина ќе има заострени критериумите за добивање дозвола за вршење прекоп на улиците, повисоки критериуми за начинот на кој ќе се вршат овие прекопувања, како и скратени рокови за завршување на градежните активности.

Во дописот Град Скопје ги потсети државните институции, претпријатијата и компаниите дека  по завршувањето на градежните работи на објектите нема да бидат дозволени попречни и надолжни прекопи на сообраќајницата во наредните 3 години, сметано од денот на технички прием на објектот. Поради овие причини, доколку постои потреба од поставување на некакви инсталации или друг вид на градежни интервенции на посочените сообраќајници, потребно е да се поднесе барање до Град Скопје со цел координирање на понатамошните активности.

Во прилог ја објавуваме листата на градежни објекти кои Град Скопје планира да ги реконструира во 2019 година

Изградба на бул. АСНОМ ( фазна реализација од булевар Србија до Хотел Русија) Јануари
Реконструкција, одржување ул. Димитрија Чуповски (од бул.Св. Климент Охридски до бул. Даме Груев-кај Палома бјанка) Јавна набавка во тек
Изградба  на ул. Борис Сарафов Февруари
Изградба, одржување и реконструкција на ул.Февруарски Поход Февруари
Реконструкција, одржување на ул. Ѓорче Петров потег од општинската зграда до Макпетрол бензиска Февруари
Реконструкција, одржување на бул. Кочо Рацин Февруари
Реконструкција, одржување на ул. Љубљанска Февруари
Реконструкција, одржување на бул. Партизански одреди од бул. 8ми Септември до мост Обединети Нации – фазна реализација Март
Изградба, одржување и реконструкција на Надвозник ( вкрстување на бул Александар Македонски со Пролетна офанзива ) Март
Реконструкција на ул. Лазар Личеновски од под Кале до Американска амбасада Март
Реконструкција, одржување на ул. Индира Ганди (фазна реализација) Март
Реконструкција, одржување на ул. Александар Урдаревски од кружен тек со ул.Боца Иванова до ул.Бутелска Март
Реконструкција, одржување на ул. Московска Март
Реконструкција на бул. К.П.Мисирков (потег од бул.Гоце Делчев до мост на булв. Никола Карев) Март
Изградба, одржување и реконструкција на нов кружен тек на бул.2 ра Македонска бригада Април
Реконструкција, одржување на ул. Благоја Стефковски( фазна реализација) Април
Изградба, одржување и реконструкција на дел од ул. Теодосиј Гологанов кај клуб на пратеници (меѓуопштинска соработка) Мај
Изградба, одржување и реконструкција на ул.Ферид Мурати Мај
Изградба, одржување и реконструкција на ул. Димо Хаџи Димов Мај
Реконструкција на ул. Живко Фирфов Јуни
Реконструкција, одржување на ул. Павел Шатев и ул.Црниче до ул. Востаничка Јуни
Изградба, одржување и реконструкција на ул.Македонско Косовска бригада – фазна реализација Септември
Изградба на бул. Хрватска – фазна реализација Септември
Изградба на бул.Љубљанска од бул. Илинден до бул.Словенија  ( фазна реализација ) Септември
Изградба на бул.Јужен Булевар со К.Охридски и со Кочо Рацин (ЛИМАК) – фазна реализација Септември
Проширување и реконструкција на ул. Александар Урдаревски Октомври
Изградба на ул. Есенинова и подземни бунари со линиски системи Октомври
Реконструкција, одржување на  бул. Никола Карев (четврта лента) Декември
Изградба на ул.Боца Иванова – фазна реализација Декември
Изградба, одржување и реконструкција на ул. Брадфордска – фазна реализација Има договор за изведба
Изградба, одржување и реконструкција на ул. Андон Димитров (Жарко Зрењанин) – Меѓуопштинска соработка Има договор за изведба
Треба да знаете
Последни објави