Skip to main content
Магазин

Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп во Клиника Жан Митрев

29/11/2024  12:52

Првата неврохируршка операција на Одделот за неврохирургија во Клиника Жан Митрев е изведена со врвен неврохируршки микроскоп, единствен во државата. Неврохируршкиот тим предводен од проф. д-р Владимир Рендевски, заедно со д-р Михаил Таушанов и останатите членови на  интердисциплинарната медицинска екипа, успешно изведоа операција на ‘рбетниот столб на пациентка со огромни болки во кичмата и неподвижна десна нога.

Микроскопот од брендот Цајс модел Киево 900, е единствен во државата од ваков вид и со ваква примена. Со неговите врвни перформанси се овозможува висок степен на визуелна прецизност при оперативни зафати од разни патологии од доменот на неврохирургијата вклучувајќи и васкуларни заболувања како аневризми и онколошки заболувања односно карциноми. Во иднина ќе биде користен за интракранијални и кичмени операции за кои досега пациентите заминуваа најчесто надвор од државата.