Search

Избегнат судир на британски падобранци со американски борбен авион

Двајца британски падобранци за малку ќе се судреле со американски борбени авиони Ф15 кои летале со брзина од 560 километри на час, покажува воениот извештај.

Додека понирале со брзина од 190 километри на час, падобранците снимилеа два борбени авиони Ф-15 со камерите на нивните шлемови, пренесува „Би-би-си“.

Воздушната контрола требала да им каже на пилотите дека падобранците се наоѓаат во воздухот, пишува во соопштението на воениот одбор.

Во американска база се разговарало со пилотите за да бидат свесни за опасноста, се додава.

Одборот не бил во можност да утврди колку точно недостасувало за да се случи несреќа над аеродромот Чатерис на 17 април.

Инцидентот бил класифициран во втората најопасна категорија.

„Падобранците немаа контрола над брзината и насоката, но можеа да ги отворат падобранците и да го забават падот“, се вели во извештајот.

Треба да знаете
Последни објави