Search

Зошто Италија има највисок процент на починати од ковид-19?

Со појавата на ковид-19 во Италија, во последните денови актуелна тема е високата смртност на Италијанците во однос на Кинезите и останатите нации во светот. Минатата недела таа достигна 10 отсто во Италија, наспроти 4 отсто во Кина, односно 6,6 отсто во Шпанија и 3,9 отсто во Франција. Одредени одговори на ова прашање се обидува да даде Матео Вила од италијанскиот Институт за студии по меѓународна политика од Рим преку анализата објавена на 27 март под наслов „Смртноста во Италија, меѓу вистината и реалноста“.

Според оваа анализа, смртноста во Италија од овој тип на коронавирус не се разликува воопшто од смртноста предизвикана од ковид-19 во другите земји во светот. Анализата заклучува дека смртноста се менува во однос на возраста на заразените и на бројот на заразени. Италија во однос на Кина има поголем број стари лица, што е најпогодена категорија од вирусот. Значи, нормално е да се очекува поголема смртност кај тоа население. Тој ја отфрла тезата дека во Италија, стапката на смртност од ковид-19 е поголема затоа што Италијанците сè уште живеат во така наречени „пошироки“ фамилии, односно со баби и дедовци.

Уште една теза со која не се согласува е дека вирусот е посмртоносен во одредени климатски услови. Климата во северна Италија е повлажна и постудена, за разлика од југот каде што е посуво и потопло. Според анализираните податоци вирусот подеднакво се однесува во различни клими. Тоа што не е исто од регион во регион е бројот на направени тестови. Во Италија има региони и од северот (Венето, Вале д‘Аоста, Трентино-Алто Атиџе) и од југот (Сицилија, Калабрија и Сардинија) што остваруваат висок процент на тестови. Целта е да се пронајдат преносителите на вирусот и истите да бидат изолирани за да се намали ширењето на вирусот. Во овој случај стапката на смртност е помала.

Од друга страна, има региони (Ломбардија, Лигурија, Емилија-Ромања) што прават тестови само на пациенти во најкритична состојба, па така процентот на смртност е многу поголем…

Преземено од novatv.mk

Треба да знаете
Последни објави