Search

Зибери: Трајковски и Имери оставија наследство кое треба да го негуваме и надградуваме

Кандидатот на Демократската Унија за Интеграција за прв Премиер – Албанец, Насер Зибери ги посети вечните почивалишта на поранешниот претседател на државата Борис Трајковски, како и на поранешниот претседател на Партијата за Демократски Просперитет, Имер Имери.

„ Оддаваме почит кон луѓето кои дадоа огромен придонес во развојот на мултиетничкиот карактер на земјава, оставајќи притоа големо наследство преточено во Охридскиот рамковен договор, кој веќе стана дел и до преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, како еден од клучните столбови на која се гради земјата“ посочи Зибери во оваа прилика. Зибери го оцени придонесот на Трајковски и Имери како историски во изградбата на денешното мултиетничко општество, посочувајќи притоа дека како земја мора да го негуваме надградуваме ова наследство, зајакнувајќи ја со тоа довербата меѓу етничките заедници.

Како претседател на земјата, под покровителство на Борис Трајковски се одржуваа политичките преговори при креирањето на Охридскиот рамковен договор, а како претседател на Партијата за демократски просперитет, Имер Имери беше еден од четирите политички претставници кои ги водеа преговорите и на крајот беа потписници на Договорот.

Треба да знаете
Последни објави