Search

Зекири: На Тимоние главен брифер му Алексовски, советник на поранешниот претседател Иванов

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, во емисија на ТВ 24, рече дека Франција направила историска грешка со Македонија што не дозволила да се додели датумот за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Зекири се надева дека грешката ќе биде поправена, а изнесе тврдење дека главен информатор на францускиот амбасадор во Македонија му е поранешниот началник на Алфите и советник за национална безбедност на Ѓорге Иванов, Синиша Алексовски.

„Ја изигравте Македонија, сега и нас сакате да не изиграте. Убедени сме дека Франција многу брзо ќе ја поправи грешката. Косово и Србија не се проблем. 27 членки кажаа дека ова е историска грешка. Мене ми е жал што главен брифер на Тимоние е човек кој е вмешан во многу спорни моменти наназад, а тоа е Синиша Алексовски кој беше советник за безбедност на Иванов“, рече Зекири.

На прашање од новинарката дали има докази за ова тврдење, Зекири рече -апсолутно, но потенцира дека ова е негов став. Зекири вели дека не му е првпат на Тимоние да биде главен критичар на владата и повтори дека за жал, тој е брифиран од погрешни луѓе.

Инаку, Синиша Алексовски работел во МВР, од локален инспектор, до началник на „Алфите“. Тој беше дел од советничкиот тим на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов. Алексовски  беше дел од разузнавачката афера со српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ, кој на 27 април кога беше извршен упад во македонското собрание, беше фатен на една од безбедносните камери.

Влезот на Живаљевиќ беше поврзан со името на Алексовски, но тој тогаш демантираше дека му дал одобрение за престој во македонскиот парламент.

Треба да знаете
Последни објави