Search

За наградата „Роман на годината“ конкурираат 38 дела

Жири-комисијата за годинашната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ во соработка со Град Скопје, а под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ АД, во состав Николина Андова Шопова (претседателка), Милован Стефановски (писател), Весна Мојсова Чепишевска (професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“), Славе Ѓорѓо Димовски (писател) и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“) на својот конституитивен состанок констатираше дека годинава се одликува со мошне богата романсиерска продукција што се огледа и во фактот дека на годинашниот конкурс се пријавија дури 38 романи.

Според пропозициите на наградата, жири-комисијата ќе треба да го соопшти името на лауреатот најдоцна до 15 март, додека свеченото врачување на наградата ќе се случи во првата половина од април.

Наградата „Роман на годината“ се доделува 21-ви пат. Неа ја востанови и ја доделуваше „Утрински весник“, сѐ до неговото згаснување во 2017 година, кога наградата ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“. Наградата „Роман на годината“ се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150 000 денари.

Треба да знаете
Последни објави