Search

За администрацијата на Град Скопје ќе се купуваат нови работни-простории во централното подрачје

Град Скопје ќе распише оглас за купување Градска куќа. Ваква одлуката беше денеска предложена на усвојување пред Советот на Град Скопје. Тоа занчи дека администрацијата на Градот Скопје ќе ги напушти сегашните просториии во бараките кои се наоѓаат во Градскиот Парк, а новата локација треба да биде во централното градско подрчје.

Вредност на недвижниот објект кој треба да биде купен ќе се движи до 11 милиони евра со вклучен ДДВ. Административниот простор за вработените да биде со површина од 4.000 до 9. 000 метри квадратни. Да има обезбеден пристап за луѓе и возила, паркинг простор со површина од приближно од 20 до 70 паркинг места, обезбедена инфраструктура, технички и санитарни услови, лифт, имотен лист или лист за предбележување.

Во одлуката стои дека објектот ќе се набави по пат на прибирање понуди со објава на јавен оглас за купување на недвижен имот. Кога ќе се објави огласот, во одлуката не се наведува.

Лани во ноември, Градот Скопје за 12.7 милиони евра ѝ ја продаде Градската куќа на кејот на реката Вардар под тврдината Кале на австриската компанија ЕВН. Одлуката за продажба на објектот кој почна да го гради претходниот градоначалник Коце Трајановски беше дека се наоѓа на несоодветна локација и нема да ги собере сите вработени во Градот.

 

Треба да знаете
Последни објави