Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица од вчера е затворен за сообраќај за сите видови на возила, информираа од ЈП Македонијапат.
Истовремено, од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2025 година, потсетуваат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Возачите се повикуваат да ја почитуваат оваа регулатива заради безбедност на патиштата, особено во услови на зимски временски непогоди.