Search

Заев ќе прифати дебата кога Мицкоски ќе биде против бојкот

Премиерот Зоран Заев по средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи, порача дека ќе прифати дебата кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе биде против бојкот на референдумот.

„Кога ќе соопшти дека е против бојкот, нека каже и нека избере медиум. Себеси се сметам за промотор на дебатата. Бојкотирањето на иднината на Македонија не заслужува дебата. Ќе прифатам дебата кога ќе каже дека е против бојкотирањето“ порача Заев.

Доцна синоќа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го повика премиерот Заев на телевизиски дуел. Тој претходно рече дека Договорот со Грција, како партија нема да го подржат и дека остануваат на својот став, дека се работи за договорот со кој се менува македонскиот идентитет, културата, документите, Уставот.

Треба да знаете
Последни објави