Search

Заев: Секоја чест за медиумските работници кои посветено и професионално ги следат теренските случувања

Улогата на медиумите во услови на Ковид-19 пандемијата е особено важна за навремено и точно информирање на населението, потенцира премиерот Зоран Заев на својот профил на Инстаграм.

-Секоја чест за медиумските работници кои посветено и професионално ги следат теренските случувања и за тоа ја известуваат јавноста. Вашата улога во услови на Ковид-19 пандемија е особено важна за навремено и точно информирање на населението. Ви честитаме на ангажманот, продолжете посветено, почитувајте ги мерките, напиша Заев.

Треба да знаете
Последни објави