Search

Заев од Битола: Го унапредивме земјоделството во секој аспект, земјоделците имаат драстично намелени трошоци и се повеќе пари завршуваат во нивните семејни буџети

Го вративме земјоделството на прав пат. Ние сме лидери на функционално европско поддржување на сите проекти од областа на ИПАРД за земјоделството и туризмот, докажавме дека знаеме да работиме домаќински и европски, рече претседателот Заев на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат” во Битола.

400-тини млади луѓе добија грант од 10 илјади евра преку мерката „Млад земјоделец”, а со последните усогласувања младите земјоделци ќе добиваат 20 илјади евра грантови. Ја промовиравме мерката за жени-земјоделки во руралните средини, со обезбедени грантови од 3 илјади евра дополнително пари, вложуваме директно во земјоделците, додаде Заев.

Преку „зелената” нафта 200 милиони дена ри завршија назад кај 55 илјади земјоделци, за 30 отсто се намали трошокот на земјоделецот. Денес субвенциите се плаќаат навремено и неселективно, а ги исплативме и неисплатените субвенции наследени од ВМРО-ДПМНЕ во 2014,2015 и 2016 година, земјоделците знаат дека сега се сигурни, рече Заев пред огромниот број присутни граѓани на Битола.

Продолжуваме да инвестираме во земјоделството, преку нови откупни пунктови, преку нови винарии, преку нови пласмани и пазари. Земјоделството тргна на прав пат, градиме конкурентно и развојно земјоделство, заклучи претседателот Заев.

Треба да знаете
Последни објави