Search

Заев на трибина во Битола: Народе мој, испишавме историја, ова убаво наше македонско знаме се вееше во Лондон со знамињата на НАТО

Испишавме историја и беше задоволство да се седи на иста маса со лидерите на најмоќните држави, членки на НАТО, затоа што заслуживме, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина „На прав пат” во Битола.

-Нема посериозна потврда дека сме на прав пат, од самитот на НАТО во Лондон, стануваме 30 земја членка на Алијансата, остваривме една од двете најголеми стратешки цели на државата и на цели генерации, порача претседателот Заев.

-Ова наше убаво, македонско знаме, со овие жолто-црвени бои беше заедно со знамињата на САД, Германија, Британија, Франција, Италија, со сите членки на НАТО, со најмоќните и најсилните. 

Гордост и чест голема е да знаете дека и претседателот Трамп има еден глас ама и јас, Зоран Заев имам еден глас. Бидете горди граѓани, народе, успевме, на правиот пат сме и продолжуваме по тој пат, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина “На прав пат” во Битола.

Треба да знаете
Последни објави