Search

Заев: Кој има докази против мене веднаш нека ги објави

Заев: Кој има докази против мене веднаш нека ги објави

По завршувањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ, партискиот претседател и премиер, Зоран Заев, одговараше на новинарски прашања од кои повеќето се однесуваа на случајот „Рекет“ и притворот за специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Едно од прашањата се однесуваше на најавените нови бомби од страна на италијанскиот новинар, во кои наводно Заев бил директно инволвиран, заедно со министерот за здравство Филипче и директорот на Фондот за здравство.

Премиерот на ова одговори дека апелира секој што има некакви докази веднаш да ги објави.

„Ако има докази нека се објават, за било кој, прво за мене, па после и за сите. Нека се објават секаде. Тоа го заслужуваат граѓаните за било кој, еве и мене ме спомнувате, ако е за Зоран Заев, веднаш да ги објават. Дали е италијанскиот новинар, дали е господинот Мицкоски, апелирам да објават“, порача Заев.

Тој истакна дека тоа е начинот на кој се постапува во земја што е слободна и дека објавувањето на незаконски дејствија помага во јакнењето на сите општествени процеси и на државата.

Треба да знаете
Последни објави