Search

Заев: „Кики и Фрики” за мене не постојат

Премиерот Зоран Заев за имињата на Кики и Фрики, вели дека не постојат. На прашање дали партијата ќе застане зад нив, одговори дека секој што се огрешил пред законот ќе одговара. Премиерот посочи дека ја знае целата вистина, но не е ниту негово, ниту на партијата да се меша и испрати порака до сите надлежни дека не им требаат политичари, туку им требаат законите и по нив треба да работат.

-Ја знам целата вистина, но не е мое, ниту на СДСМ да се мешам и уште помалку во ова време кога имаме борба против криминалот. Секој што се огрешил пред законот мора да одговора, а борбата против криминалот ни треба и надвор, а и дома. Во време кога претходно се затскривале вакви случаи, сега се бориме да ги истераме до крај. Почитувани истражители, обвинители и судии, не ви треба политичарите, носете одлуки според законот. Мора да го вратиме владеењето на правото. Таа е пораката, немаме казни бесење и стрелање, казната најтешка е затвор.Треба да си го средиме законот оти сакаме и децата да ни растат овде”, рече Заев.

Во врска со тоа околу сознанијата кои ги имал премиерот и она што го пријавил во обвинителството, премиерот рече дека нема намера да одговара за детали со кои може да наштети на истрагата.

Треба да знаете
Последни објави