Search

Заев: Анкетите покажуваат дека на овие избори СДСМ е фаворит, дека граѓаните ја препознаваат разликата меѓу двата концепта

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека анкетите покажуваат оти на овие избори СДСМ е фаворит, дека граѓаните ја препознаваат разликата меѓу двата концепта.

-Политиките на СДСМ за интеграција, за стабилност преку членство во НАТО, за економски раст и за голема помош на сиромашните и ранливите се далеку повеќе поддржани од политиките на ВМРО-ДПМНЕ, партија која е препознаена како нереформирана, под контрола на бегалецот од Будимпешта. Концептот на СДСМ кој е за одење напред кон сигурна иднина води пред оној на ВМРО-ДПМНЕ кој е за мрачното минато.И тоа ќе се потврди на 12 април. На 12 април следуваат фер, слободни и демократски избори на кои СДСМ повторно ќе ја добие довербата на мнозинството граѓани, ќе формира влада и стабилно ќе ја води земјата низ целосен 4-годишен мандат, рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави