Search

Заврши реконструкцијата на кровот на Основното Училиште “Исмаил Ќемали

Заврши целосната реконструкцијата на кровот на Основното Училиште “Исмаил Ќемали” – заеднички проект на Општина Чаир и Министерството за Финансии

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со заменик министерот за финансии на Република Северна Македонија г-ѓа Ширет Елези и директорката на Основното Училиште “Исмаил Ќемали” г-ѓа Бурбуќе Имери го означија успешното завршување на заедничкиот проект за реконструкција на кровот нa ова основно училиште.

Градоначалникот Ганиу изрази благодарност до Министерството за Финансии кое објективно го оцени досегашниот ангажман на Општина Чаир во правец на подобрување на инфраструктурата на основните училишта и детски градинки, доделувајќи грант за покривање на половина од вредноста на оваа инвестиција во рамките на програмата МСИП посветена за подобрувањето на општинските услуги. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 6 милиони денари, од кои по 3 милиони денари имаат обезбедено двете институции Општина Чаир и Министерството за Финансии.

Само преку заеднички институционален ангажман ќе се овозможат подобри услови за поквалитетен образовен процес на местата на знаењето каде се подготвува нашата идна здрава генерација.

Треба да знаете
Последни објави