Search

Забрана за камиони на патот Дебар-Струга

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот, информиrа АМСМ.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Дебар – Струга.

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на патните правци Тетово-Желино и Градско-Неготино.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Треба да знаете
Последни објави