Search

Забрана за внесување храна преку граница поради болеста африканска свинска чума

Директорот на агенцијата, Зоран Атанасов апелира до луѓето кои ќе патуваат надвор од државата, во Македонија да не внесуваат храна од животинско потекло,  а одгледувачите да не ги одгледуваат свињите на отворено.Ваквата забрана доаѓа поради болеста африканска свинска чума. Во Агенцијата за храна и ветеринарство  велат дека во земјава таа сеуште не е регистрирана но тие превземаат посериозни мерки по информациите дека чумата се појавила во областа Русе во Бугарија. АХВ веќе издаде решение за организирано затрелување на дивите свињи.

Треба да знаете
Последни објави