Search

Жесток судир на војската и демонстрантите на границата меѓу Венецуела и Колумбија

Драматична станува ситуацијата на границата меѓу Венецуела и Колумбија. Како што објави Би-би-си, повикувајќи се на локални медиуми, едно лице загинало, а 14 се повредени во конфликтот меѓу војската и демонстрантите.

Конфликтот изби меѓу локалните жители и безбедносните сили на границата, додека противниците на венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, се подготвуваа преку границата во земјата да пренесат стотици тони хуманитарна помош. Притоа, дел од венецуелските војници ги напуштија своите позиции на границата.

Ваквиот гест на некои од војниците е во контекст на напорите на венецуелската опозиција од границата со Колумбија во земјата да внесе хуманитарна помош, пренесува Би-би-си.

Околу 600 тони храна, лекови, средства за хигиена и друга хуманитарна помош главно од САД, се наоѓаат во Кукута, пограничен град во Колумбија.

Помошта беше донирана на барање на опозицискиот лидер на Венецуела, Хуан Гваидо, кого повеќе земји го признаа како привремен претседател, додека Мадуро е под притисок да поднесе оставка.

Мадуро, пак, смета дека хуманитарната операција е изговор за американска воена интервенција во Венецуела и негово соборување од власт.

Гваидо претходно ја повика армијата да им дозволи на камионите да влезат во земјата, апелирајќи до војниците да застанат на страна на народот, јави Би-би-си.

Руската агенција, „Тасс“ пак пренесе дека поддржувачи на опозицијата се собрале и на воениот аеродром во близина на главниот град Каракас.

Демонстрантите извикувале навредливи пароли на сметка на владата на Мадуро, во исто време повикувајќи ги војниците да застанат на нивна страна.

Треба да знаете
Последни објави