Skip to main content
Хроника

Жена од тетовско тргнала во странство со девет куршуми во чанта, полицијата ја уапси на аердром

03/12/2024  11:43

Жена од тетовско тргнала во странство со девет куршуми во чанда, полицијата ја уапсила на аеродром.

-На 02.12.2024 во 07.20 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле” во Охрид, на излез од државата, полициски службеници ја лишија од слобода М.М.(19) од тетовското село Жилче. При преглед во нејзината торба на рентген апарат биле пронајдени девет куршуми за пиштол калибар 7,65 милиметри. Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.