Search

Жалба против забраната на шамии во училиштата во Австрија

Исламската верска заедница во Австрија поднесе жалба до Уставниот суд против забраната за носење шамии во училиштата.

Од тековната учебна година забрането е носење религиозно обележана облека поврзана со прикривањето на главата во основните училишта низ Австрија.

Новата австриска влада има намера да ја продолжи забраната за девојчиња под 14-годишна возраст.

Исламската верска заедница смета дека забраната го нарушува основното право на слобода на религијата, како и правото на родителите да ги воспитуваат децата.

Од стапувањето во сила на забраната, односно од почетокот на учебната година до крајот на ноември, имало само осум случаи низ Австрија во кои девојчињата доаѓале со хиџаб на часови, а во сите случаи родителите прифатиле да се придржуваат кон законот, откако им било укажано од дирекцијата на училиштето.

Инаку, законот предвидува казна, односно дирекцијата на училиштето мора да поднесе пријава кај надлежната општинска установа, која потоа може да изрече казна до 440 евра.

Треба да знаете
Последни објави