Search

Ејвори Бредли ќе потпише двегодишен договор со Мајами

Кошаркарот Ејвори Бредли преговараше за двегодишен договор од 11,6 милиони долари со Мајами, објави „ The Athletic”.

Поранешниот играч на Лејкерс претходно се откажа од пет милиони долари опција за продолжување на сезоната 2020/21 и стана неограничен слободен играч.

Минатата сезона Бредли бележеше просечно 8,6 поени, 2,3 скока и 1,3 асистенции за Лејкерси по натпревар.

Кошаркарот стана шампион во НБА, иако не учествуваше во рестартирањето на сезоната од семејни причини.

Треба да знаете
Последни објави