Search

ЕЦБ бара мерки вредни 1,5 билиони евра за справување со економските последици од коронавирусот

Европската централна банка (ЕЦБ) ги предупреди министрите за финансии во еврозоната дека на монетарната унија може да им требаат фискални мерки во вредност од 1,5 билиони евра за да се справи со економската криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот. Тоа го тврдат извори од Банката за западни медиуми, пренесува БТА.

После 16-часовниот  видео-конференциски состанок, кој заврши денеска без резултат, стана јасно дека Германија, Холандија и другите северноевропски земји се подготвени да ги поддржат европските мерки во вредност од само 500 милијарди евра, изјавија учесници во преговорите.

Треба да знаете
Последни објави