Search

Ефтимов: Во програмата имаме реални проекти, 150 километри експресни патишта и 20 милиони за системи за наводнување годишно

На вечерашната дебата на 24 Телевизија, кандидатот за пратеник во Четвртата изборна единица, Дајанчо Ефтимов, истакна дека власта се фалеше со „инвестициски бумови“, а 500те километри автопатишта сеуште никој не ги виде, како и тоа дека ВМРО-ДПМНЕ во програмата има реални проекти како 150 километри експресни патишта, 20 милиони евра секоја година за системи за наводнување и многу повеќе инвестиции за нашиот регион.

Ефтимов вели дека ако ги видиме инфестиционите циклуси во нашиот регион од време на ВМРО-ДПМНЕ и сега во време на СДСМ  истите не можат да бидат споредени затоа што власта не умееше ни да го заврши тоа беше почнато како инвестиција, камоли да направи некој нов проект.

-Екпресниот пат од Штип до Радовиш започнат од ВМРО-ДПМНЕ со обезбедени финансиски средства со гласање посебен закон за задолжување, понатаму патниот правец од Градско до Прилеп проектиран и започнат од време на ВМРО-ДПМНЕ, не виде разрешница, ветен граничен премин од Струмица до Ново село, а три години не е ни започнат, вели Ефтимов.

Сите оние нивни ветувања за инвестициски бум, како и оние 500 километри автопатишта ни оддалеку граѓаните можат да ги почувствуваат, ниту можат да ги видат, власта уште не знае каде ги изградила тие автопати, порача Дајанчо Ефтимов.

-Ние сме реализирале и затоа имаме лице да им понудиме на граѓаните многу повеќе од претходно, но и да реализираме. Во програмата имаме предвидено поставување на 1000 километри асвалт и 150 километри експресни патишта, еден од тие се од Струмица до Радовиш и од Струмица до граничен премин Ново село, потенцираше Ефтимов.

Ефтимов посочи дека иако власта бомбастично ја најавуваше зелената нафта не успеја да ја реализираат таа мерка. Но, ВМРО-ДПМНЕ во својата програма нуди реализирање на преработувачки капацитети за земјоделците, како и за да се дојде до производство мора да се има мрежи за наводнување, затоа вели Ефтимов ќе се инвестира по 20 милиони евра секоја година за ревитализација и воспоставување на водоснабдителни системи.

Треба да знаете
Последни објави