Search

ЕУ издвојува 230 милиони евра за борба против коронавирусот

Европската Унија вети 230 милиони евра со цел да помогне во борбата против епидемијата на коровирус во време кога земја членка на ЕУ, Италија, се бори со голем број случаи на заразени низ целата земја.

На прес-конференцијата комесарот за управување со кризи во ЕУ, Јанез Ленарчиќ, и европскиот комесар за здравство и безбедност на храна, Стела Киријакидес, објавија дека ЕУ ќе одвои 230 милиони евра за глобалната борба против вирусот.

Од оваа сума, 114 милиони евра ќе бидат испратени до Светската здравствена организација за глобална подготвеност, 15 милиони евра за поддршка на земјите партнери, 100 милиони евра за финансирање на истражувања, развој на вакцини и третмани, како и 3 милиони евра за поддршка на напорите на земјите членки за обезбедување лична заштитна опрема и репатријација на граѓаните на ЕУ.

Засега, како што беше најавено, нема да има ограничувања во патувањето или трговијата меѓу земјите во Унијата.

Италијанските власти соопштија дека четири лица починале од коронавирусот во земјата, во период од 48 часа.

Треба да знаете
Последни објави