Search

Експерти сметаат дека коронавирусот во САД може да предизвика досега невидена катастрофа

Во почетната фаза на епидемијата на коронавирус во САД, американскиот претседател Доналд Трамп редовно ги обвинуваше медиумите и опозицијата дека ги преувеличуваат размерите на вирусот со цел политички да му наштетат, нарекувајќи го политизирањето на коронавирусот нов трик против него.

Тој дури ги обвини дека сакаат заштитните мерки за растојание да останат на сила, за економијата да пропадне, а тој да ги загуби изборите, иако експертите јасно предупредуваа дека тоа е единствениот начин да се спречи експлозивно ширење на коронавирусот кое може да доведе до колапс на здравствениот систем.

Голем број аналитичари сметаат дека администрацијата на Трамп затаила во критичните први 6 недели од епидемијата во САД, кога се одвивало тесирање, кое, што поради технички проблеми, што поради доцнењето на Вашингтон и несериозната реакција на властите, било далеку под нивото потребно за да се одржи инфекцијата под контрола.

Денеска ситуацијата со коронавирусот на целата територија на САД е вкупно 164.387 заразени и 3.161 смртен случај, пренесува „Гардијан“. Најкритична е ситуацијата во Њујорк каде има над 66.000 заразени и 1.243 смрни случаи. Само во понеделникот за шест пеколни часа бројот на починати во Њујорк се зголемил за 124 луѓе, односно регистрирана е по една жртва на секои 3 минути, пренесе „Њујорк пост“.

Врвниот британски епидемиолог доктор Нил Фергусон создаде свој модел во врска со ширењето на епидемијата во САД, според кој, во најлош случај, ако итно не се спроведат строги заштитни мерки, 2,2 милиони Аериканци ќе умрат од коронавирус. Но, она што особено ја вознемири јавноста е најдоброто сценарио во моделот на Фергусон кој оценува дека во таква ситуација би имало околу 1,1 милион смртни случаи во САД.

Самиот Трамп на една од своите прес-конференции се осврна на црната бројка од 2,2 милиони смртни случаи, врз основа на која заклучи дека број од 100.000 жртви од вирусот може да се смета за „добра работа“.

Според еден од најдобрите експерти за моделирање, Метју Бигерстаф, постојат четири можни сценарија за епидемијата на коронавирус во САД. Врз основа на неговите проценки, опсегот на Американци кои потенцијално ќе бидат заразени до крајот на епидемијата се движи од 160 до 214 милиони, а бројот на мртви од 200.000 до дури 1,7 милиони.

Треба да знаете
Последни објави