Search

Едуард Филип: Се зголемува воената мобилизација поради вчерашниот напад во Стразбур

Францускиот премиер Едуард Филип денеска изјави дека претседателот Емануел Макрон одлучил „да ја зголеми воената мобилизација” во рамки на операцијата „Стражар” (Сентинел), еден ден по смртоносниот напад во Стразбур.

„Стражар” е безбедносна операција која започна по нападот во Париз во 2015 година, во рамки на која 10.000 војници и 4.700 полицајци и жандарми обезбедуваат чувствителни локации од терористички напади.

– Станува збор за околу 500 војници кои од денеска се вклучени во операцијата и 1.300 , кои ќе се придружат во наредните денови, веќе се ангажирани во обезбедувањето и гарантирањето на безбедноста на Французите, рече Филип.

Тој изјави дека целта е „обезбедување на мастата на јавни собири”, првенствено на божиќните саеми низ целата земја.

Треба да знаете
Последни објави