Search

Една третина од новозаразените во Скопје биле во Охрид неодамна

Од 52 нови заразени со коронавирус во Скопје изминатите два дена, 15 пријавиле дека биле во Охрид, но велат дека не знаат каде се заразиле објави СДК. Александар Стојанов, в.д. директор на Центар за јавно здравје Скопје, вели дека тоа се главно млади, на возраст од околу 20-тина години, но меѓу нив има и средношколци. Тој додава дека се со лесна клиничка слика, со ниска температура, главоболки, а некои имаат и пролив.

„Покрај овие од Охрид, кои главно ги пријавија нивните родители, има и спорадични случаи на млади од Скопје, кои во епидемиолошите анкети изјавиле дека биле во Струга, Дојран и Струмица, но не знаат дали се заразиле таму. Засега нема кластери од нив, сите се поединечни случаи или неколку членови на исто семејство“, вели Стојанов.

Под контрола се последните скопски кластери, вели тој, едниот во геријатрискиот дом „13 Ноември“, каде што имаше 17 заразени, од кои двајца веќе се подобри и веќе се испуштени од болницата во Козле и вратени назад и изолирани во домот, а другиот во погон за пакување на смрзната храна, каде што од 22 тестирани, 11 биле позитивни.

Треба да знаете
Последни објави