Search

Еден од полицајците обвинети за убиството на Флојд ослободен од затвор со кауција од 750.000 долари

Томас Лејн, еден од четворицата поранешни полицајци во Минеаполис, кои се обвинети за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, беше ослободен од затворот во округот Хенепин, во американската држава Минесота, со кауција од 750.000 американски долари, покажуваат податоците на канцеларијата на шерифот.

Лејн е еден од тројцата полицајци обвинети за помагање и поттикнување убиство од втор степен, како и за помагање и поттикнување на убиство со предумисла од втор степен во смртта на Флојд на 25 мај.

Четвртиот полицаец, Дерек Шовин, кој со колено го притискал вратот на Флојд, додека тој викал дека не може да дише, е обвинет за убиство од втор степен и убиство со предумисла.

Сите четворица беа отпуштени од полицијата во Минеаполис.

Адвокатот на Лејн, Ерл Греј, им рече на новинарите дека неговиот клиент се обидел да му помогне на Флојд, пренесува „Ројтерс“.

Тој изјави за локалниот Стар Трибјун дека е организирано прибирање средства за да се плати кауцијата на Лејн преку социјалните медиуми преку донации на „Пејпал“.

Следното рочиште за Лејн е закажано за 29 јуни, а неговиот адвокат планира да поднесе предлог за отфрлање на обвиненијата, јавуваат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави