Search

Европските проекти на Урсула фон дер Лајен

Новиот претседател на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е соочена со решавање итни проблеми – од реформа на правила на азил до Брегзит и трговските тензии со САД.

Европско законодавство за климата

Таа ветува „зелен пат” во кој ќе биде првото европско законодавство за климата. Поддржува и поамбициозна цел за намалување на штетните гасови за 50, па дури и 55 отсто, до 2030 година. Таа предлага ЕИБ да биде трансформирана во „Европска банка за климата” и поддржува план за инвестиции од илјада милијарди евра за следните десет години.

Миграција

Таа сака да предложи „нов договор за миграцијата и азил” и засилување на европската агенција Фронтекс, со цел бројот на припадници во таа европска агенција да биде 10.000 до 2024 година.

Информациска технологија

Се очекува тимот на Фон дер Лајен да ја продолжи борбата против неограничено влијание на американските информациски гиганти.

Брегзит

Таа треба да стапи на должност на првиот ден во кој ЕУ нема да ја вклучува Велика Британија. ЕК ќе биде соочена со преговори за идните односи со Лондон.

Трговски тензии

Следната ЕК ќе се обиде да го зачува трговското примирје со САД, додека ЕУ ќе се обидува да го утврди статусот „водечки поборник за слободна трговија”.

Конкуренција

Новата ЕК ќе се занимава со реформа на европските правила за конкуренција и целта е да се олесни формирање големи европски фирми на светско ниво, како и адаптирање на сегашниот инструмент за решавање на проблемот со дигиталните технологии.

Владеење на законот

Новата ЕК ги продолжува процесите против Полска и Унгарија. Двете држави се обвинети дека преземаат акции спротивно на владеењето на законот.

Треба да знаете
Последни објави