Search

Ево Моралес доби бегалски статус во Аргентина

Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, е во Аргентина, каде што доби статус на бегалец, рече аргентинскиот министер за надворешни работи, Фелипе Сола, обраќајќи се на локална телевизиска станица.

Моралес претходно беше во Мексико, каде што доби азил откако неговата влада падна во ноември годинава, соопшти „Ројтерс“.

Моралес поднесе оставка како претседател на Боливија по масовните протести заради контроверзните претседателски избори што ги освои.

Треба да знаете
Последни објави