Skip to main content

Подобро за имунитетот
Интензивното трчање може да го ослабне имунолошкиот систем, бидејќи го зголемува нивото на воспалителни протеини во телото. Од друга страна, брзото одење има помал ризик од предизвикување воспаленија и може да го зајакне имунитетот. Ризикот од болести како хипертензија, дијабетес и висок холестерол, исто така, е понизок кај пешаците отколку кај оние кои редовно трчаат.

Подобро за апетитот
Иако трчањето согорува повеќе калории, тоа исто така може да го зголеми апетитот, поттикнувајќи поголема консумација на храна од потребното. Пешачењето, пак, не го стимулира апетитот толку многу, што го прави подобар избор за оние кои сакаат да го контролираат внесот на калории.

Покрај овие придобивки, одењето има позитивно влијание врз расположението, креативноста и продуктивноста. Тоа е активност што може да се практикува секојдневно без ризик од повреди, правејќи го идеален избор за долгорочно одржување на здравјето.