Search

Драма во Долно Лисиче: Му попречиле пат со „калашникови“ па излетал од пат

Скопјанец излетал од пат со својот автомобил, откако неколку вооружени лица со друг автомобил му го попречиле патот, вчера во Скопје инфорираше МВР:

Случајот во полицијата го пријавил С.Б.(20) од Скопје.

Според него, тој околу 21 часот со својот автомобил „мерцедес“ се возел од Долно Лисиче кон село Јурумлери. Кога дошол во близина на мост на реката Вардар бил пресретнат од автомобил „голф“, без регистарски ознаки. Во него биле Р.Н. од Батинци, како и уште две лица вооружени со „калашникови“. Притоа, С.Б. скршнал од патот и излетал надвор од коловозот.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави