Search

Дојава за бомба во кривопаланечко основно училиште

Денеска во Општина Крива Паланка целосно се евакуирани објектите на основно училиште од градот по претходно добиена дојава за бомба.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово ја потврдија информацијата.

-Денеска, 2 декември 2022, околу 11 часот во СВР Куманово, полициска станица Крива Паланка, било пријавено дека на електронската адреса на едно основно училиште во Крива Паланка е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска.

Изутринава лажни дојави за бомби имаше и во три скопски училишта.

Треба да знаете
Последни објави