Search

Десет мигранти откриени во камион на царинскиот терминал во Тетово

Во приколка од камион во кругот на тетовскиот царински терминал биле најдени 10 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш денес околу 12 часот, информираат од СВР Тетово. Возачот и мигрантите се приведени за соодветната постапка.

Во Секторот за внатрешни работи Тетово, од Царинска управа на Република Северна Македонија било пријавено дека мигрантите се најдени дека во приколката во товарно возило „мерцедес”, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, а управувано од А.С.(25) од село Горно Седларце, тетовско.

Возилото било во кругот на царински терминал. Мигрантите и возачот на возилото биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, информираат од СВР Тетово.

Мигрантите се на возраст од 15  до 49  години.

Треба да знаете
Последни објави