Search

Ден на жалост утре во Албанија за жртвите од земјотресот

– Владата на Албанија утрешниот ден, среда, 27 ноември, го прогласи за Ден на жалост поради жртвите во серијата земјотреси во кои загинаа најмалку 20 лица, а повеќе од 600 се повредени.

Знамињата на сите институции во Албанија утре ќе бидат спуштени на половина копје, а училиштата ќе бидат затворени.

Фудбалскиот сојуз на Албанија, исто така, ги откажа сите натпревари за оваа недела.

Претходно, претседателот на Косово Хашим Тачи го прогласи утрешниот ден за Ден на жалост во земјата во чест на жртвите од земјотресите во Албанија, кои беа почувствувани речиси на целиот Балкан.

Треба да знаете
Последни објави