Search

 „Денови на Кирил Пејчиновиќ” во Теарце 

Културно-уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ” од Теарце денеска попладне ја организира манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ” 2019 што претставува и годишен концерт на друштвото.

Покрај домаќините, на манифестацијата годинава учествуваат КУД „Врелац” од Вранска Бања, КУД „Белоиње” од Сврљиг, КУД „Бранислав Нушиќ” од Владички Хан, сите од Србија, КУД „Гоце Делчев” од Битола и КУД „Аќиф Јахја” од Теарце.

-На концертот ќе се претставиме со три песни и две кореографии. Играорците ќе ги изиграат „Пиринско пролетно цвеќе” и „Пијанец”, рече Сашо Костадиновски, етнокореолог и уметнички раководител на КУД „Кирил Пејчиновиќ” од Теарце.

Шесттата по ред манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ” почнува во 16 часот со дефиле низ Теарце при што на отворено пред публиката ќе се претстават сите учесници, културно уметнички друштва. Во 17 часот и 30 минути започнува концертот кој ќе одржи во спортската сала на на ОУ „Кирил Пејчиновиќ” во Теарце.

Треба да знаете
Последни објави