Search

Демократски сојуз: Со посетата на Ципрас тргната е 30 годишната блокада за државава

Со посетата на Алексис Ципрас на Република Македонија, конечно е тргната 30 годишна блокада на евроатланските процеси на Македонија и се отвораат перспективи, посебно за младите генерации, велат од политичката партија Демократски сојуз.

„Цената што ја плативме со компромисот околу Преспанскиот Договор е висока, но исчекорот напред кон НАТО и ЕУ е огромен. Оваа посета е со историска димензија. Нормализација на односите помеѓу Македонија и Грција е наш македонски стратешки и национален интерес“, стои во партиското соопштение.

Од партијата на Павле Трајанов додаваат и дека деблокадата од Грција и поддршката од многу држави, без сомнение е историски чин и како што се вели, победа на граѓаните на Македонија против манипулативната, ретроградна и лажна националистичка политика.

Треба да знаете
Последни објави