Search

Демократски сојуз: Намалување на паричните казни и судските такси е долго очекувана потреба од граѓаните

Демократскиот сојуз смета дека намалувањето на паричните казни за прекршоците е долго очекувана потреба од граѓаните и фирмите.

Со ваквите предлози на Владата, во голема мерка ќе се намали партиското влијание и клиентелизамот, ќе јакне превенцијата, а со тоа и почитувањето на законите“, се вели во партиското соопштение.

Оттаму ја актуализираат и потребата од намалување на судските такси, кои, како што наведуваат, се многу високи и зависно од вредноста на спорот, тужителот треба да плати такса од 480 до 48.000 денари, без трошоците за нотар, вештачење и адвокат.

Демократскиот сојуз смета дека со намалување на паричните казни, суските (такси) и нотарските трошоци, се создаваат реални основи за усогласување на казнената политика со реалните состојби во државата и финансиските можности на граѓаните и фирмите“, наведуваат од оваа политичка партија.

Треба да знаете
Последни објави