По автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 патници, а 8-мина се во тешка состојба, неопходна е соодветна реакција од државните институции.
За да се избегнат ваков вид на несреќи и да се намалат последиците Демократскиот дојуз бара:
- Да се направи вонреден технички преглед над сите автобуси на ДУРМИ-ТУРС, но и на автобусите и комби-возилата на другите компании со кои се превезуваат патници.
- Да се направи вонреден увид над сите станици за технички преглед од независни експерти.
- Да се спречи судир на интереси односно ист сопственик да не може да врши технички преглед на возила во негова станица за технички преглед.
Инаку оваа несреќа со катосрофални последици бара и анализа на поставеноста на целикупниот систем во државата од превентивно дејствување, па се до намалување на можните последици.
Во оваа насока предмет на анализа треба да биде и системот за информирање, дејствувањето на првата медецинска помош, прифатот и третманот на повредените и расположивите капацитети, дејствувањето на системот за заштита и спасување, на полицијата (придржување на работно време на возачите, здравствената состојба и сл.), јавното обвинителство и тн.