Search

Демократските обвинители денеска ги презентираат наводните злоупотреби на Трамп, борбата за нови сведочења продолжува

– Судската постапка за импичмент на претседателот на САД, Доналд Трамп, продолжува денеска, кога демократите во Сенатот ќе ги презентираат правните и уставните последици кои, според нив, произлегуваат од злоупотребата на моќта на претседателот.

Конгресменот Адам Шиф најави дека ќе ги образложат сите факти кои укажуваат на злоупотреба на функцијата од страна на претседателот, со побараната помош од странска влада за сопствен политички бенефит.

Демократите денеска и утре имаат можност да го образложат случајот пред правниот тим на Трамп кој, пак, од сабота има 24 часа да ја презентира страната на претседателот.

Џеј Секулоу, еден од адвокатите на Трамп, вчера изјави дека е апсурдно што постапката за импичмент воопшто се води.

Во меѓувреме, битката за одобрување судски покани за сведоци и нови документи побарани од обвинителите, продолжува. Републиканците се резервирани и само четворица сенатори досега искажаа можност дека би сакале да видат нови сводоци во постапката.

Со оглед на тоа што односот на силите во Сенатот е 47-53 во полза на републканците, лидерот Мич Меконел, ги држи уздите и кај сенаторите со помеки ставови како Мит Ромни, да не се осмелат да гласаат за повик на критичните сведоци како Џон Болтон, екс-национален советник за безбедност на Трамп.

„Си-ен-ен” во меѓувреме дозна дека луѓе на Трамп активно лобираат кај репуликанските сенатори за да се осигура непојава на сведоци во Сенатот.

За судска покана на нови сведоци потребно е просто мнозинство, за осуда и разрешување на претседателот од власт потребено е двотретинско мнозинство од вкупно 100 сенатори.

Треба да знаете
Последни објави