Search

Дезинфекција на јавните површини и контејнерите во Струмица

Покрај дезинфекцијата на улиците во градот и населените места, ЈПКД „Комуналец”, во соработка со Општина Струмица и Територијалната против пожарна единица, почна со дезинфекцирање на тротоарите и пешачките зони низ градот, информираа денес од комуналното претприајтие.

Во информацијата се додава дека од денес се врши и дезинфекција и поправка на сите метални контејнери, како и дезинфекција на местата каде што се поставени.

Од струмички „Комуналец” апелираат до граѓаните да се однесуваат одговорно, да го депонират сметот исклучиво во определените контејнери и, пред се, да ги следат препораките на Владата за ограничено движење.

Треба да знаете
Последни објави