Search

Девет медицински сестри кои работат во иста болница ќе се породат во исто време

Во една американска болница дури девет медицински сестри се бремени и треба да се породат во речиси исто време. Случајот не би бил толку необичен, доколку не станува збор за медицински сестри кои работат на ист оддел и тоа токму одделот за родилки. Терминот за породување на сите сестри им е кон крајот на месецов, во растојание од неколку денови или недели.

Оваа вест е објавена на фејсбук-страницата на болницата во Мејн, заедно со фотографија на која има осум од девет бремени жени. Бремените сестри гордо позираат со своите стомаци, а во рацете држат хартија на која се испишани датумите кога се очекува да се родат бебињата.

Очекувано, меѓу нив се развил посебен однос, така што планираат да бидат една покрај друга и да си помагаат и за време на породувањето. ,,Секој пат кога некоја од нас ќе кажеше дека е бремена, бевме пресреќни. Тука сме една за друга”, рече еден од медицинските сестри Ерин Грениер.

Од болницата најавија дека се подготвени да им го исплатат надоместокот за породилно отсуство, кој наскоро ќе треба да го подмират.

Треба да знаете
Последни објави