Search

Две торнада во американската држава Мисури предизвикаа материјална штета

Најмалку две торнада ја погодија областа близу Џоплин, во американската држава Мисури, засега нема информации дали има повредени.

Директорот на Агенцијата за природни катастрофи во округот Џаспер, Кит Стамер, изјави дека торнадото било забележано северозападно од градот Карл Џанкшн, на околу шест километри од Џоплин, објави АП.

Според него, полицијата оди од куќа до куќа и се распрашува дали има повредени.

Стамер додава дека се оштетени покриви од куќи, огради, земјоделски згради и бандери.

Весникот „Џоплин глоуб” објави, цитирајќи го извештајот од Метеоролошката служба дека друго торнадо било забележано во близина на градот Гален.

Моќно торнадо го погоди Џоплин пред осум години, кога 161 лице загинаа и беше нанесена огромна материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави