Search

Дангов за „Шамарите“: Според новото обвинение Лазаров би требало да биде ослободен, а не да признае вина

Адвокатот Еленко Миланов, бранител на Миле Јанакиевски во случајот „Шамари во центар“ во завршните зборови нагласи дека е чудно што Обвинителството во завршните зборови го измени обвинителниот предлог во неколку битни елементи.

Во новото обвинение го снема делот делот дека Јанакиески бил член на ИК на партијата ниту пак координатор на ОК на Центар.

-Стои дека бил близок соработник на Груевски и истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, иако тој термин никаде не постои. Јанакиески не бил близок соработник на Груевски. Да бил немало за него да има 80.000 прислушувани разговори и 100.000 СМС пораки, вели Миланов.

Тој се осврна и на исказот на Томислав Лазаров, кој призна вина на самиот почеток на процесот.

-Лазаров рекол дека можеби комуницирал и со Јанакиески за тоа што се случувало внатре во салата. Извезтување за она што се случува не може да биде насилсто, додаде Миланов.

Тој му предочи на судијата дека во овој момент не може да донесе пресуда туку треба да ја преотвори јавната расправа.

Според него, дали оригиналната снимка е уништена треба да се утврди во предметот „Таргет-Тврдина“.

Претходно и вториот бранител на Јанакиески, Димитар Дангов рече дека обвинителството трба да го повлече обвинението а ако тоа не го стори тогаш судот треба да донесе ослободителна пресуда.

Дангов потенцираше дека според новото обвинение Томислав Лазаров би требало да биде ослободен, а не да признае вина.

-Не може врз основа на исказ на лице кое е осудено да се темели судска одлука без постоење на други материјални докази, објаснува бранителот.

Дангов објасни и за вештачењето на вештакот од Србија на кого му биле дадени копии од разговорот меѓу Јанакиески и Груевски, а при тоа немал ни лиценца за вршење на оваа дејност во Македонија.

Ако нема оригинална снимка како доказ тоа е проблем на обвинителството а не на одбраната. Копија е копија но тоа не е доказ за судот, потсети Дангов.

Треба да знаете
Последни објави