Skip to main content
Македонија

Дали ВМРО-ДПМНЕ се води од начелото Бугарите прво во Владата, па после во Уставот, праша Спасовски

31/10/2024  15:14

Пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски, на денешната седница во Собранието се осврна на случувањата со бугарското државјанство на министерката за енергетика Сања Божиновска, прашувајќи го премиерот Христијан Мицкоски дали ќе побара одговорност од неа.

„Излегоа информации во јавноста дека во владата имаме министер кој се изјаснува дека има бугарска самосвест. Немам ништо против, тоа е природно право и секој може тоа да го каже, меѓутоа, прашањето ми е дали, при составувањето на владата, при разговорите што претпоставувам сте ги имале со кандидатите, бевте информирани за една ваква ситуација или можеби, начелото Бугарите прво во Владата па после во Уставот ќе вроди со плод и тоа ќе биде начинот на кој ќе дојдете до промена на Уставот? Доколку во разговорите сте биле информирани тоа е во ред, така да се носат таквите одлуки и да се пратат во Собранието, а доколку не бевте информирани за тоа, сакам да ве прашам, дали ќе се побара одговорност заради таквиот пристап кон јавноста од министерската Сања Божиновска?“ праша Спасовски. 

Тој потсети на односот на ВМРО-ДПМНЕ кон Францускиот предлог додека оваа партија беше во опозиција, а дека сега тоа е целосно променето.