Search

Грчкиот Парламент го ратификуваше Договорот од Преспа

По тридневна, на моменти жестока, дебата грчкиот Парламент попладнево даде зелено светло за ратификацијата на Договорот од Преспа.

 

Со поединечно прозивање сите 300 пратеници требаше да кажат дали гласаат „за”, „против” или „воздржано”. Со 153 гласа „за”, 146 „против” и еден воздржан парламентот даде зелено светло и го ратификуваше Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Позитивно за решението на деценискиот спор меѓу Македонија и Грција гласаа 145 пратеници од СИРИЗА (целата пратеничка група), седум независни пратеници и еден пратеник од Независни Грци.

Осумте пратеници кои го поддржаа Договорот од Преспа се: претседателот на Демократска левица, Танасис Теохраопулос, кој беше избришан од коалицијата Демократска алијанса, сега независен пратеник; Спирос Данелис, кој беше избришан од Река, сега независен пратеник;,Ставрос Теодоракис, Јоргос Мавротас и Спирос Ликудис, од Река, кои по распадот на пратеничката група официјално се независни пратеници; Елена Кундура, министерката за туризам, поранешна членка на Независни Грци, сега независна пратеничка; Катерина Папакоста, заменик министерка за цивилна заштита, сега независна пратеничка; Танасис Папахристопулос, пратеник од Независни Грци.

Откако спикерот на Парламентот ги соопшти официјалните резултати одлуката од гласањето беше проследена со голем аплауз и честитки за премиерот Ципрас.

Треба да знаете
Последни објави