Search

Грујевски го направи Нинџа „Самурај“ со „магнум“ на УБК

Александар Василевски-Нинџа од 2015 година бил ангажиран од УБК под прекар ,,Самурај“ кој му  го дал началникот на Петтата управа, Горан Грујевски во 2015 година, а немал ниту соодветно образование за таа функција, изјави тој на денешното рочиште за крвавиот четврток.

„За да ме вработат во УБК ми кажаа дека мора да завршам 4 година средно училиште, имав 3 години. За потребите на службата ми беше издадена значка со број 637, ми дадоа огнено оружје ‘магнум 38 специјал агент’ и радио станица со 16 активни канали, се слушаа сите 8 СВР на Македонија“, рече Нинџа.

Василевски бил тајно вработен во УБК во одделот за оперативна техника и прикриени операции односно во Петтата управа, иако имал завршено само 4 степен средно образование.

Во февруари 2015 година  кога Зоран Заев почна да ги објавува „бомбите“ бил ангажиран од Горан Грујевски да му биде очи и уши на Никола Бошкоски, односно да собирам информации од таргети што ќе ги даде лично тој и да го известува лично.

„Тие информации беа од поголем карактер односно од значење за зачувување на уставниот поредок и уфрлување на обични граѓани во службата. Како една од првите задачи ми беше дадена насока да се приближам до еден мој близок роднина Влатко Пановски бидејќи службата имала информации дека соработува со српските разузнавачки служби. Јас тоа го сторив, службата беше информирана за неговите активности“, рече обвинетиот.

Тој додаде дека откако почнаа обвиненијата од СЈО, Бошкоски му рекол да се дружат повеќе со него.

-Беше во депресивна состојба. Тогаш интензивно почнавме да соработуваме и со Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК, рече Нинџа.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави