Вчера во 21.52 часот полицајци од СВР Куманово ги лишиле од слобода К.К.(18) и М.Д. (19) од Куманово, затоа што во парк „Соколана” во Куманово учествувале во нарушување на јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу нив и неколку малолетници.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави, информираат од полицијата.